СОКОМ бара почитување на резултатите од Конкурсот за откуп на нови музички дела
Сојузот на композиторите на Македонија-СОКОМ реагира што од Министерството за култура се уште не добил одговор зошто композициите избрани на Конкурсот за откуп на нови музички дела распишан во април минатата година биле објавени, а потоа и повлечени од веб-страницата на Министерството на 18 јануари годинава.
- Наспроти досегашната пракса од изминатите конкурси, да се достават решенија и договори до наградените автори во роковите законски определени од самото Министерство, тоа досега не е направено од причини кои нам сѐ уште не ни се познати. Поради тоа се обраќаме до Министерството надлежно за спроведување на Конкурсот со барање постапката без понатамошно одложување да се доврши и да се достават договори до наградените автори согласно објавените резултати, соопшти СОКОМ.
Сојузот во допис до медиумите се жали и што министерот за култура десет месеци, како што наведува, одбива средба со претставници на најстарото и најзначајното здружение - Сојузот на композиторите на Македонија.
- Молкот за резултатите од нивниот Конкурс покажува дека Министерството нема капацитет за спроведување на нивните декларативни заложби за унапредување на музичкото творештво, ниту капацитет за почитување на законските прописи и нивните сопствени конкурсни објави. Авторите-добитници на наградите алармираат дека ваквите непрофесионални и неетички постапки на министерот за култура Роберт Алаѓозовски ќе остават црна дамка врз работата на службите и комисијата, а деградираните автори кои вложиле труд со месеци за да ги создадат своите дела, ќе бидат приморани да ја бараат правдата низ судски процес, пишува во соопштението на СОКОМ.
Ново на Сител
-
Возеле 160 на место каде што е дозволено 80, уапсени четири лица во гостиварско
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд и во наредните денови
-
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат
-
Од 968 сообраќајни прекршоци вчера, 636 за брзо возење
-
Бројот на одобренија за градење во март зголемен за 4.0 %, а на предвидената вредност на објектите за 244.2 %
-
Приведен кумановец за поседување дрога, при претресот на домот констатирале и дека краде струја
-
Преброени 31,07 отсто од гласовите на албанските избирачи, во убедливо водство партијата на Рама
-
Реални се шансите за раст меѓу 3,5 и 4 отсто во првиот квартал, смета Мицкоски