Кошарка
21. November 2017 - 9:52

Соколов се договори со МЗТ

 
Дарко Соколов е новото засилување за македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Соколов, повеќе не е член на вицепрвакот Карпош Соколи, откако тој реши да го напушти „јатото“ и да „слета“ во СЦ „Јане Сандански“. 
 
Искусниот Соколов, кој е повратникот во македонската репрезентација, официјално е првиот од низата кошаркари кои најавија заминување од тимот на Карпош Соколи. 
 
Меѓу останатите се споменува и името на уште еден репрезентативец, Кирил Николовски, за кого е заинтересиран Работнички. 
 
Останува само формално да се официјализира договорот меѓу МЗТ Скопје и Соколов кој беше дел од тимот од Аеродром во сезоната 2009 година.