Сојузот на пензионери го поздрави поништувањето на ветото од страна на ДИК

Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија ја поздрави одлуката на Државната изборна комисија за тргање на ветото од страна на ДИК кое го стави дополнителниот заменик министер за финансии на аукцијата на државни записи, чие неодржување ќе придонесеше за неликвидност и одлагање на исплатата не пензиите.
Претседателот на Сојузот на пензионери на РМ, Драги Аргировски е задоволен што, како што вели, победиле фактите и аргументите и што пензионерите ќе можат повторно и овој месец навреме да си ја добијат својата пензија која во овие 9 години редовно се исплаќа на почетокот од месецот.
- Ова прашање засега еден милион граѓани, бидејќи секој пензионер помага во издржувањето на барем уште двајца членови од своето семејство, вели Аргировски.
Државната изборна комисија синоќа објави дека ветото на дополнителниот заменик министер не е издржано и дека аукцијата била претходно планирана и изгласана во Буџетот за 2015 година.
Откако Државната изборна комисија одлучи да го тргне ветото вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески најави дека пензиите ќе се исплатат во петок и дека ќе се продолжи со нивната редовна исплата и во иднина.
- Пензионерите можат да бидат мирни и спокојни како и досега. Девет години, како што исплаќавме редовно пензии ќе продолжиме и понатаму, и сега овој петок пензионерите ќе си ја добијат заслужената пензија, истакна Ставрески.
Ново на Сител
-

Уплатниците за казните од Сејф сити нема да се носат во станица
-

Тема на денот со Ангела Василевска, претседател на УСС на УКИМ
-

Војната на Блискиот Исток ќе им ги зголеми трошоците на компаниите
-

Еден пратеник едно државјанство - почна постапката за носење на законот за пратеници
-

Собранието го отвори патот за укинување на техничката влада
-

Билатерална средба на Мицкоски со австрискиот канцелар Штокер
-

Новиот граничен систем да не важи за Македонците кои летово ќе одат во Грција, бара туристичката комора
-

ДКСК јавно ќе ги објави функционерите кои и покрај изречени казни не поднеле анкетен лист
