Сојузник на Ердоган ја купува медиумската групација која не му беше наклонета на турскиот претседател
Турската компанија „Доган холдинг“ денеска потврди дека почнала разговори со „Демирорен холдинг“ за продажба на својот медиумски огранок, што може дополнително да ја зацврсти положбата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган.
Вредноста на акциите на „Доган холдинг“ и неговиот весник „Хуриет“ расте континуирано втор ден на берзата.
„Демирорен“ е компанија, која се смета дека го поддржува Ердоган, а со купувањето на медиумската групација „Доган“, таа ќе стекне контрола над неколку влијателни медиумски куќи, вклучувајќи го весникот „Хуриет“, како и телевизијата Си-Ен-Ен Турк.
Оваа групација има оперативна вредност од 1,1 милијарда долари. односно 890 милиони долари по одземање на долговите, наведува компанијата „Доган“ во соопштението доставено до истанбулската берза.
Основач на компанијата е Ајдин Доган, кој е припадник на секуларниот естаблишмент во Турција.
Ердоган одамна ја обвинуваа оваа медиумска групација дека е ориентирана против неговата партија, која има исламистички корени. Компанијата ги отфрли таквите наводи.
Ново на Сител
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија
-
Туск со порака до Трамп: Не се плашиме, имаме одговор за американската царинска војна
-
Студентите во Нови Сад велат дека ќе останат на улиците и на мостовите додека правдата не биде задоволена
-
Калабрија се расплака и ја потврди разделбата со Милан
-
Трамп рече дека Венецуела ќе прифати депортирани мигранти, вклучително и членови на криминална група
-
Прегазено 3-годишно дете во Нови Пазар
-
Хеликоптерот што се урна во Вашингтон бил дел од единицата за безбедно евакуирање американски официјални лица
-
Данците во проблеми пред финалето, се повреди најдобриот светски ракометар