Сојузниците на Али Хамнеи водат на изборите во Иран

Кандидатската листа поврзана со иранската Револуционерна гарда води на парламентарните избори во земјата, објавија денеска иранските медиуми.
Пребројувањето на гласовите од вчерашните парламентарни избори почна утрово, а сојузниците на врховниот лидер, ајатолах Али Хамнеи имаат шанси за убедлива победа.
Државната телевизија објави дека досега се пополнети 42 места во парламентот, кој брои 290 пратеници, а според некои западни медиуми, 80 отсто од мандатите освоиле партиите лојални на Хамнеи.
Избирачките места се затворени на полноќ по локално време, по пет продолжувања, со цел поголем број гласачи да ја исполнат својата, како што рече Хамнеи, „не само граѓанска, туку и верска должност“.
Одѕивот на изборите, на кои право на глас имаа 58 милиони Иранци, бил голем, што е показател дека актуелната власт ужива поддршка.
Официјалните податоци за конечниот одѕив ќе бидат објавени во текот на денешниот ден, а конечните резултати се очекуваат утре.
Излезноста се смета за клучен показател за поддршката на иранското раководство во период кога економијата се соочува со притисок од санкции, што доведоа до дипломатска изолација на земјата.
Повеќе од 7.000 потенцијални кандидати на изборите претходно се дисквалификувани, од кои повеќето се реформисти и застапници на умерената политика, со што на гласачите им е оставена можност да избираат меѓу екстремните и умерените конзервативци, лојални на Хамнеи.
Ново на Сител
-

Судскиот совет му го одзема имунитетот на судијата Ристов, Обинителството бара куќен притвор
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Мицкоски на светскиот економски форум во Давос
-

Утре повторно протест пред Усје
-

Обвинетите тврдат, немало план за убиството во Штип
-

Со традиционалното капење во водите на Охридското езеро одбележан Денот на рибарите
-

Трипуновски: Младите да ги искористат поволностите и рентабилноста на тутунопроизводството
-

Преглед на вестите од светот
