Сојузничките сили на НАТО од 1 мај ќе почнат со повлекување од Авганистан
Сојузничките сили на НАТО од 1 мај ќе почнат со повлекување од Авганистан. Ова е одлуката на состанокот на министрите за одбрана и надворешни работи на НАТО на кој учествуваа министрите Бујар Османи и Радмила Шекеринска.
Како што соопшти МНР, сојузниците на состанокот посочија дека очекуваат со тоа да се создадат услови за ново поглавје за иднината на Авганистан, во која главната улога ќе ја имаат граѓаните на земјата. Реафирмирана е силната поддршка за развојот на демократијата, човековите права и зајакнувањето на безбедносните институции на Авганистан.
Нашата земја учествува во Авганистан од 2002 година. Во рамките на мисиите учествувавме со повеќе од 3100 лица, меѓу кои штабни офицери и подофицери, ментори, пешадиски единици и медицински персонал.
Македонија во моментов во мисијата во Авганистан придонесува со 22 припадници на Армијата.
МНР наведува дека земјите членки на Алијансата на состанокот се заложија за зајакнување на дипломатските напори за изнаоѓање политичко решение и успешно завршување на мировниот процес во Авганистан преку внатрешниот инклузивен дијалог во рамките на земјата.
– На состанокот министрите го анализираа и новиот развој на настаните во и околу Украина. Беше изразена загриженост за дејствија од страна на Русија, и зголеменето распоредување на воени трупи на границата со Украина. Беше изразена силна и едногласна поддршка за Украина, како и за нејзиниот територијален интегритет и суверенитет. Беше потенцирана и поддршката на политичкиот дијалог во рамките на Договорот од Минск, за што ја повикаа Русија да се придржува до начелата на овој договор во насока на деескалација на тензиите и зацврстување на глобалниот мир и безбедност, информира Министерството за надворешни работи.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар