Сојуз на средношколци: Во некои средни училишта не се почитува договорот за државната матура
Сојузот на средношколци е загрижен за спроведувањето на договорот постигнат со Владата за државната матура 2020/2021 година откако матуранти информирале за професори од некои средни училишта кои изјавиле дека нема да почитуваат одредени точки во договорот.
– Според договорот, се согласивме дека „училиштата се должни да ги споделат материјалите за интерните испити и банки на прашања најдоцна три недели пред денот на испитот. Тие да содржат најмалку 60, а најмногу 100 прашања“. Оваа точка на договорот е флагрантно прекршена од некои средни училишта во земјава. Ова е неприфатливо. Станува збор за училиштата: „Ѓорче Петров“, „Орде Чопела“, „Ристе Ристески-Ричко“, гимназија „Мирче Ацев“, „Кузман Јосифоски-Питу“, „Јосип Броз Тито“-Битола, „Д-р Јован Калаузи“, „Св. Клименти Охридски“ – гимназија Охрид, „Никола Штејн“-Тетово и „8 Септември“-Тетово, соопшти Сојузот.
Во писмото упатено до премиерот Зоран Заев, министерката Мила Царовска и директорката на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска, лидерот на Сојузот на средношколци Бленди Ходаи наведува дека на матурантите им било ветено оти постигнатиот договор ќе се реализира точка по точка.
Затоа од нив бара да интервенират за сите средни училишта истовремено да го почитуваат и спроведуваат договорот бидејќи, како што вели, на последниот заеднички состанок на 16 февруари 2021, се согласиле дека „договорот нема да остане само на хартија, туку ќе се спроведе“.
Ново на Сител
-
Ненад Димитријевиќ прогласен за МВП во ВТБ лигата
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар