-->
-->
Софиска ЦСКА победила со допингуван фудбалер против Македонија ЃП
-->
Фудбалерот на ЦСКА од Софија, Георги Јакимов, паднал на допинг-тестот, соопшти клубот. Тестот на Јакимов му бил направен по натпреварот со Македонија Ѓорче Петров, одигран во рамките на второто квалификациско коло за пласман во Лигата на конференции.
ЦСКА ја победи Македонија Ѓорче Петров со 4:0, а еден гол постигна токму Јакимов. Бугарскиот клуб објави дека Светската анти-допинг агенција (ВАДА), пред двомечот со Базел во плејофот, ги информирала дека Јакимов паднал на допинг тестот.
„На 25. август пред мечот со Базел добивме писмо од ВАДА за откривање на забранета супстанци во телото на Георги Јакимов. Примерокот од урина кој бил земен на 28. јули по средбата со Македонија Ѓорче Петров бил позитивен“, стои во објавата на ЦСКА.
Јакимов има рок до 1. септември да се одбрани. Поради позитивниот тест тој е привремено суспендиран на 90 дена.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршува младинската олимпијада во Скопје
-
Крушево домаќин на Светскиот куп во дисциплината прелети, присутни се најдобрите пилоти од цел свет
-
Тргна коњаницата кон Крушево
-
Тема на денот со Марјан Калевски, Зелен Хуман Град
-
Претседателката на Антикорупциска поднесе оставка
-
Пратениците во вторник ќе расправаат за интерпелацијата на државниот обвинител Коцевски
-
Втор ден потрага по 16-годишно девојче кое вчера ја повлекоа водите на Вардар кај Уланци, Градско
-
Активни 6 пожари