Софијанова ги негира обвинувањата за платата, институциите не вршат надзор над исплатите на надоместоци
Дали некој контролира колави месечни приходи од плата и дежурства имаат директори и лекари во јавни здравствени установи?
Од ДСЗИ се прогласија за ненадлежни.
Државниот санитарен и здравствен инспекторат нема надлежност да врши инспекциски надзор во финансиите на здравствените установи, вклучувајќи ја и висината на месечните примања на директорите. Висината на платите на менаџерите ( медицински и организациски директор) е уредено со Законот за вработените во јавен сектор и Законот за работни односи као и со колективни договори, одговорија од ДСЗИ.
Од Фондот за здравство од чиј буџет се иплаќаат плати и дежурства во јавните здравствени установи велат дека тие немале надлежност да казнуваат, тоа било должност на ДСЗИ и трудовата инспекција.
- Фондот врши контроли во рамки на нашите надлежности за трошењето на надоместоците , односно контрола за наменското трошење на истите дали тие се во согласност со колективниот договор за здравствена дејност и своите извештаи ги праќа во Министерството за здравство. Фондот нема надлежност да казнува. Но, правата од работен однос се во надлежност на ДСЗИ заедно со трудова инспекција.
Од министерството за здравство пак се повикаа на член од законот кој им овозможува и на директорите на болниците и клиниките да дежураат, но не добивме прецизен одговор дали има ограничување на часови за дежурство.
Ова прашање се отвори откако вчера Тв Клан повикувајќи се на документ од Детската клиника ја прозва директорката Аспазија Софијанова дека месечно од плата и дежурства земала 5000 евра.
Таа негира, вели дека сите приходи и биле законски остварени. Имала 35 годишен работен стаж, предавала на студенти и постојано била достапна за пациентите и колегите за консултации.
-Апсолутно сигурно 5000 евра, ниту пак стои моето име, го имам тој документ тука, ни половина од тоа немам. Да е толку голема платата е надвор од сите умови. Јас останав тука, ниту еден ден немам работено во приватно здравство иако законот го дозволува тоа. Но, целата моја енергија и сите насоки се во оваа клиника. Неговото објавување на некои информации дали сум зела тој ден, овој ден, ние имаме приправност континуирано, он лајн, изјави д-р Аспасија Софијанова, директор на Клиниката за детски болести.
За овој случај реагираа и од ВМРО ДПМНЕ и го повикаа ДСЗИ да направи контрола во сите клиники во Клинички.
-Секој лекар специјалист кој има 3 обични дежурства и две викенд или празнични дежурства има максимум 1.700 евра плата. Плаќањето на одредени лекари двојно повеќе е понижување за сите други, и е основан сомнеж за постоење на сериозни злоупотреби.
-
Александар Динев
Сите содржини од овој новинар