Македонија
25. January 2023 - 16:32

Софија најавува нова блокада, Владата бара начин за релаксирање на односите

Премиерот без конкретен одговор по најавите за можно ново бугарско вето но со план, како да се релаксираат односите меѓу двете земји. Одговорноста за тензиите им ја префрли на т.н. провокатори кои рече дека мора да се маргинализираат за да не влијаат на добрососедските односи

Дека ветото не е решение утрово во изјава за бугарското национално радио потврди и бугарскиот европратеник кој е и известувач за Македонија во Европскиот парламент

Ден по посетата на Софија, македонскиот шеф на дипломатијата во Скопје објасни зошто уште пред судот пресуди дека инцидентот во Охрид бил етнички мотивиран

И додека Османи тврди дека се прави обид да се релаксираат односите на релација Скопје- Софија, бугарската власт веќе испраќа писма до сите европски институции во кои инцидентот во кафеана во Охрид го претставува како етнички прогон врз како што тие велат Бугарите во Македонија.

Истовремено, официјална Софија одбива да ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и да им ги овозможи на Македонците во Бугарија основните човекови права, процес за кој опозицијата вчера гласно говореше пред парламентарното собрание на Советот на Европа

Македонско бугарските односи се во својата најлоша епизода во последните неколку децении и константно се влошуваат од потпишувањето на Договорот за добрососедство до денес.