-->
-->
Софија и Лука најпопуларни имиња за бебиња минатата година
-->
Имињата за бебиња постојано влегуваат и излегуваат од мода, па затоа е важно да се избере име со кое детето може да расте, објаснуваат стручњаците.
Софија е најчестото женско, а Лука најчестото машко име кое родителите го избирале за своите новородени деца во текот на изминатата година.
Меѓу популарните имиња кај женските бебиња се и Јана, Хана, Ана, Мила, Ева, Сара, Бисера...., а кај машките Михаил, Дамјан, Јаков, Јован, Давид, Петар, Марко, Матеј, Алексеј....
Според Државниот завод за статистика на Република Северна Македонија, минатата година се родиле 18.073 бебиња, од кои 51,2 отсто машки.
Според месецот на раѓање пак, како што покажува статистиката, најголем број дечиња се родени во јули, дури 1 717.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателката на ДКСК во Обвинителството
-
Земале мито, па изготвувале документација за наводни прегледи, контроли и извештаи за издавање инвалидска пензија и туѓа нега за лице
-
Мицкоски: Истрагата за Кочани ја води Обвинителството, не Владата, 68 лица се опфатени
-
Таравари: Ако не му требам на Мицкоски подготвен сум да одам во опозиција
-
Потешко повредените во пожарот во Kочани остануваат на лекување во странство
-
Најмногу пари од унгарскиот кредит општините ќе потрошат за патишта
-
Казни за пешаците кои зборуваат на мобилен додека минуваат улица
-
Сител сторија: Единствениот дипломиран оџачар во Македонија е жена