-->
-->
Содерлинг објави крај на кариерата
-->
Шведскиот тенисер Робин Содерлинг објави дека се повлекува од тенисот. Тој од 2011 година нема одиграно ниту еден меч, поради болест (мононуклеоза). Во својата кариера освои вкупно 10.титули, а на Грен слем турнирите најголем успех му беа двата финални меча на Ролан Гарос (во 2009 година загуби од Рожер Федерер, а во 2010 година од Рафаел Надал).
Поради проблемите со болеста не успеа во целост да оздрави, а и брзо се заморуваше и не можеше да се врати по посакуваната форма. Содерлинг денеска и официјално стави крај на кариерата.
- Се до оваа година верував дека можам да се вратам во тенискиот врв, но заклучив дека никогаш нема да бидам доволно добар за да играм тенис на нивото кое го очекувам од себе. Ова е тешка одлука, но треба да го слушам своето тело. Воедно можам да бидам горд на својата кариера.
Седерлинг во тенискиот свет ќе биде запаметен како прв тенисер кој успеал да го победи Надал на Ролан Гарос во 2009 година (четвртфинале), а следната година исто во четвртфиналето го победи Федерер и го прекина неговиот низ од 23 настапи на полуфиналните мечеви на Грен слем турнирите.
Најдобриот пласман во кариерата му беше 4.место во ноември 2010 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гоце Димовски, директор на ТИРЗ
-
Македонски културно-информативен центар во Белград
-
Се повеќе млади страдаат од ментални заболувања, предупредуваат лекарите по општа и семејна медицина
-
Завршија мировните преговори помеѓу Русија и Украина
-
Лидерите од Европа на самит во Тирана - проширувањето е важно за Унијата
-
Меџити потврди влез на нови пратеници во мнозинството
-
Една ипол година затвор за поранешните директори на модуларната болница во Тетово
-
Сител во кочанската болница каде одат на рехабилитација дел од повредените – лузните ќе зараснат, болката во душата не