Социјални пакети за ранливите категории граѓани од Чешиново-Облешево
Во пресрет на Божикните празници вработените од општина Чешиново-Облешево и градоначалникот Костадин Личков поделија пакети со прехранбени продукти и други основни намирници на лицата од социјално ранливите категории во неколку населени места во општината.
- Во акцијата во која беа вклучени вработените од локалната самоуправа обезбедивме 46 социјални пакети за лицата од социјален ризик, осамени, болни и инвалидизирани лица. Тоа се всушност лица на кои оваа помош им е добродојдена во овој празничен период. Со овој хуман гест се подигнува и јавната свест за грижа кон оваа група на граѓани. Општина Чешиново-Облешево и натаму ќе организира акции за помош и ќе им излегува во пресрет на овие семејства, изјав градоначалникот Личков.
По повод Божикните разници и Здружението на пензионери на Кочани додели 50 пакети со храна на пензионери со ниски пензии, болни и осамени лица. На овој начин, истакна претседателот на кочанските пензиоенри Горги Серафимов, ја продолжуваме грижата за нашите пензионери кои се со ниски примања и на кои помошта им е неопходна.
Ново на Сител
-
Маж и жена од Македонија се заглавиле во заливот Филикури, ги спасиле полицајци
-
Дубровник под вода по силното невреме | ВИДЕО
-
Дошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува
-
Маж со пушка си го бранел насадот со пченка од диви свињи
-
Кумановка нападната од синот
-
Кривична пријава за девет лица затекнати во незаконска сеча на дрва
-
Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – предупредување за опасни временски појави
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Мариово, активни вкупно пет пожари