Македонија
23. November 2021 - 9:01

Сочувство од Вархеји за сообраќајната несреќа

 Еврокомесарот за проширување изрази сочувство преку Твитер за автобуската несреќа во која загинаа најмалку 46 лица на автопатот Струма.

„Ужасни вести за трагичната автобуска несреќа во Бугарија рано утрината. Моите мисли и сочувство се со семејствата и пријателите на загинатите како и со луѓето и властите на Македонија. Им посакувам брзо заздравување на повредените“, напиша Оливер Вархеји на Твитер.