Сочувство од Советот на амбасадори по катастрофалниот земјотрес во Туција и Сирија
Советот на амбасадори денеска изрази сочувство за настраданите по катастрофалниот земјотрес што ги погоди вчера Турција и Сирија.
-Советот на Амбасадори со длабока тага и жалост ја прими веста за катастрофалниот земјотрес кој тешко погоди некои делови на Турција и Сирија во кои се најдоа неколку илјади загинати и повредени луѓе. По повод овој трагичен настан Совет на Амбасадори ја дели болката со семејствата на загинатите и им изразува длабоко сочуство, а на повредените им посакува брзо оздравување, се вели во денешното соопштение.
Од Советот на Амбасадори ги повикуваат граѓаните согласно нивните можности во овие тешки денови за жителите на погодените региони на Турција и Сирија од катастрофалниот земјотрес да придонесат за санирање на ова тешка состојба.
Ново на Сител
-

Стратешки дијалог со САД
-

Тема на денот со Синиша Наумоски, универзитетски професор
-

Роботска хирургија во клиничката болница „Аџибадем Систина“
-

Стратешки дијалог со САД
-

Мартовската инфлација е 4,9%, Мицкоски најавува таргетирани мерки
-

ССМ на протест за поголеми плати
-

Уапсени 8 дилери на кокаин
-

ОТА: Во 2025 прислушувани 259 комуникации, најголем број по барање на МВР
