Сочувство од романскиот патријарх Даниел за настраданите во Кочани
Романскиот патријарх Даниел упати порака со сочувство по трагедијата што се случи во неделата во Кочани. Во пораката упатена до поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, патријархот Даниел се моли за упокојување на починатите, за исцелување на повредените и за утеха на ужалените семејства.
- Со длабока тага дознавме за трагичниот настан што се случи утрото во неделата, 16 март, во градот Кочани, Северна Македонија, во кој животот го загубија повеќе од 50 лица, а повеќе од 100 беа повредени. Во овие моменти на тага за народот на Северна Македонија, го молиме Семилостивиот Бог да ги упокои во својот мир душите на загинатите во овој трагичен настан и да им даде брзо исцелување на повредените, а утеха на ужалените семејства, во светлината на Воскресението Христово. Со братска љубов во нашиот Господ Исус Христос, се неведува во пораката на романскиот патријарх Даниел.
Ново на Сител
-
Чистка на Тошковски во МВР: Разрешени сите командири и началници во Штип и Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, бројот на притворени расте
-
Тема на денот со Љупчо Коцевски, Државен јавен обвинител
-
22 објекти имаат важечки лиценци во цела држава, утврдиле пазарните инспектори
-
Мирен собир во Струмица
-
Мирен собир на Градскиот плоштад во Скопје
-
Мирен собир во Кочани
-
Инспекцијата влезе во Општина Кочани, расте бројот на притворени