Сочувство од Иванов до Путин и Гаук
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати телеграма со сочувство до рускиот претседател Владимир Путин по повод атентатот врз амбасадорот на Руската Федерација во Република Турција, Андреј Карлов, и телеграма со сочувство до претседателот на Сојузна Република Германија, Јоахим Гаук, по повод терористичкиот напад во Берлин.
- Со шокираност и со чувство на огорченост ја примив веста за атентатот врз амбасадорот на Руската Федерација во Република Турција, Андреј Карлов. Ова ѕверско убиство е напад против сите правила и принципи на меѓународните односи. Во овие тажни моменти за Вас, за граѓаните на Вашата земја и за семејството на амбасадорот Карлов, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое, лично, име да Ви упатам изрази на длабоко сочувство, севели во телеграмата од Иванов до Путин.
Во телеграмата до германскиот претседател Гаук, Иванов изразува жалење за грозоморниот напад и стравичните сцени на Божиќниот базар на плоштадот „Брајнштајн“ во германската престолнина, Берлин.
- Длабоко жалам за секој изгубен живот во овој терористички напад, кој најсилно го осудувам. Во овој празничен период, кога треба да го бараме најдоброто кај луѓето, особено е тешко што мораме да се соочиме со најлошата страна на човештвото. Со ваквиот злосторнички чин само се потврдува неопходноста од тесна соработка за справување со тероризмот, како најголемото зло кое нè демне сите и кое не познава и не признава граници. Во овие мигови на длабока тага за Вас, за Вашата држава и за пријателскиот германски народ, во свое лично име и во име на граѓаните на Република Македонија упатувам изрази на најдлабоко сочувство. Граѓаните на Република Македонија искрено жалат за овој трагичен настан и го осудуваат тој злосторнички чин. Во овие моменти на споделена тага, но, и огромен гнев кон злото кое причинува ненадоместливи загуби, Ве молам, изразите на најдлабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на настраданите, наведува Иванов во телеграмата до Гаук.
Ново на Сител
-
Татко насилно се однесувал кон својата 11-годишна ќерка, го снимал настанот и објавил на социјални мрежи
-
Имаме докази и приведени лица за подметнати пожари со координирана и добро осмислена акција, вели Мицкоски
-
Мираковски: Пожарите и во шумите и на депониите се штетни по здравјето на луѓето
-
48-годишен скопјанец пронајден починат во стан во Ѓорче Петров
-
Тројца малолетници кај Ајватовски рид фатени со бензин, петарди, запалка и течен лепак
-
Приведени тројца малолетници, фатени со бензин, петарди и запалка
-
Мицкоски: Бугарија направи преседан, ние нема незрело да се однесуваме, уште посилно и попосветено ќе работиме на реформите
-
Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван