Сочувство од Груевски до Оланд и Валс за терористичкиот напад во Ница
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати телеграма со сочувство до францускиот претседател Франсоа Оланд, до премиерот Мануел Валс и до семејствата на настраданите во терористичкиот напад во Ница.
- Целокупната македонска јавност во шок, со згрозеност и со огромна тага ја прими веста за терористичкиот акт кој доцна синоќа се случи во градот Ница. Дозволете ми да го изразам моето најдлабоко сочуство до Вас, до семејствата на настраданите и до целиот француски народ. Овој бесмислен, грозоморен и антицивилизациски чин е напад врз нашите универзални човечки вредности. Затоа, борбата против тероризмот е предизвик пред кој сите сме исправени и пред кој мораме заеднички да застанеме. Злото против кое сме сите заедно соочени бара да дејствуваме силно, одлучно и истрајно, се наведува во телеграмата.
Темелите на кои се базира нашата цивилизација, како што потенцира Груевски, не смеат да бидат разнишани од вакви варварски чинови на кои им пречат вредностите на толеранција, слобода, мир и благосостојба на граѓанинот, кои со години наназад се градени.
- Нашите мисли и молитви се со семејствата на настраданите, но и со цела Франција, пишува Груевски во телеграмата.
Ново на Сител
-
Оштетена амбасадата на САД во иранскиот напад врз Тел Авив
-
Повеќе од 40 000 странци „заглавени“ во Израел, евакуација чекаат и 22 македонски државјани
-
Во израелските напади врз Иран убиени најмалку 224 лица
-
Макрон ја отфрла идејата на Трамп за Путин како посредник во мирот
-
Скопје домаќин на форум за енергетската транзиција на Западен Балкан - МЕФ25
-
Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-
Трамп се надева дека Израел и Иран ќе постигнат договор
-
Иран нема да преговара за прекин на огнот со Израел додека траат израелските напади