Собраниската расправа за законот за употреба на јазиците продолжува во 22 часот
Собраниската расправа за законот за употребата на јазиците е прекината до 22 часот. Претседателот на Собранието Талат Џафери даде пауза бидејќи, како што посочи, Коалицијата „За подобра Македонија“ има конвенција за претставување на кандидатите за градоначалници.
– Имајќи предвид дека коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ во 20 часот има конвенција за претставување на кандидатите за градоначалници, објавувам пауза и продолжуваме во 22 часот, рече Џафери.
Во текот на попладневната расправа пратениците повторно дебатираа околу тоа дали законот е уставен или противуставен и дали со него ќе се унапреди соживотот или ќе се воведе двојазичност во државата.
Пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во процедурална забелешка побара одговорност од надлежните бидејќи, како што рече, вечерва припадници на МВР го сопреле градоначалникот на Кавадарци на кого му впериле пиштол.
На ова реагираше пратеникот Томислав Тунтев од СДСМ, кој истакна дека доколку се случило нешто што не е во согласност со Уставот и законите, тогаш оној којшто го направил тоа, ќе одговара пред надлежните органи.
– Бидете сигурни дека како парламентарно мнозинство ќе се заложиме секој кој ги пречекорил службените овластувања да одговара согласно законите и Уставот, но сега не е место од говорницата да се направи обид да се дефокисираме од темата, рече Тунтев.
Ново на Сител
-
СДСМ: Да се повлече законот за основно образование
-
МВР ги претставува резултатите од сработеното
-
Гаши ги понижи албанците
-
Реформи во јавната администрација
-
Преглед на вестите од свет
-
Синдикатите и работодавачите со различни ставови за „недела неработен ден“
-
Тема на денот со Марјан Ристевски, заменик министер за економија и труд
-
Маркетите ги вратија старите цени на производите кои ги покачија, а не се дел од Новогодишната кошница