Македонија
26. јуни 2019 - 19:08

Собраниска расправа за реконструкција на Владата

Четири нови имиња, една ротација и откажувањето од министер за финансии е предлогот на премиерот Заев за кој се расправа во Собранието. За нови членови на Владата треба да бидат избрани: Трајан Димковски како министер за земјоделство, Горан Милевски за локална самоуправа, Хусни Исмаили за култура и Насер Нуредини за министер за животна средина. Ресорот го менува Садула Дураки, кој ќе го води новото Министерство за политички систем.

Пратениците од опозицијата очекувале од премиерот да слушнат зошто се сменети министрите, а жестоката дебата доведе и до меѓусебни обвинувања.

Жолчната расправа продолжи и во попладневниот дел од седницата, а опозицијата го обвини дека нема целосна контрола врз својот кабинет.

Додека пратениците дебатираа, пратеникот од НДП Мемеди најави дека ќе ја напуштат владината коалиција, поради смената на нивниот министер. Мемеди, кој е и потпретседател на Собранието најави дека ќе поднесе оставка на функцијата и ќе го врати пратеничкиот мандат, а оставки ќе поднесат и сите директори и членови на управни одбори предложени од партијата.

По оваа реконструкција, премиерот Заев најави и промени во вториот и третиот ешалон на власта, процес кој треба да заврши до крајот на овој месец.