Собранието за денеска закажа продолженија на три седници

Собранието денеска треба да ги одржи продолженијата на 116-та, 123-та и 126-та седница.
На дневен ред на 116-та седница треба да ги разгледа Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за административни службеници, по скратена постапка, поднесен од пратениците Ејуп Алими, Анета Симеска Димоска, Хари Локвенец, Реџаиљ Исмаили, Диме Велковски, Мирослав Јовановиќ, Реџеп Мемеди, како и Предлог законот за изменување на Законот за вработените во јавниот сектор,по скратена постапка, поднесен од пратениците Ејуп Алими, Диме Велковски, Артан Груби, Мирослав Јовановиќ.
Пратениците во рамки на оваа седница треба да расправаат и по Предлог законот за правата на заедниците кои се помалку од 20 отсто од населението во Република Македонија, во прво читање, како и по Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, во прво читање, а поднесен од пратениците Весна Пемова, Слаѓана Митовска, Жаклина Пешевска, Горан Манојлоски, Благица Ласовска, Павлинче Честојнова, Љупчо Димовски, Драган Данев, Јохан Тарчуловски, Стојан Миланов, Крсто Јовановски, Иван Иванов, Никола Мицевски, Зоран Илиоски, Дафина Стојаноска, Магдалена Манаскова и Ѓоко Камчев.
На дневен ред на 123-та седница, пак, се останати повеќе точки, меѓу кои Предлогот за избор на заменици на Народниот правобранител, и двата предлози за именување и дополнување на изборниот законик.
Собранието за денеска го закажа и продолжението на 126-та седница, за чиј дневен ред беа утврдени 125 точки. Вчера попладнето, пратениците ја завршија расправата по шест од нив, но гласањето го одложија за некое нејзино наредно продолжение.
Ново на Сител
-

Влада: ДДВ од 10 отсто за горивата продолжува до 12 октомври
-

„Политико“: ЕУ подготвува патокази за пристапувањето на Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија
-

Унгарскиот парламент едногласно му го укина имунитетот на премиерот Петер Маѓар
-

Честитка од Мицкоски: Бошњаците се нераскинлив дел од нашето мултиетничко општество
-

Променливо облачно со сончеви периоди до крајот на седмицава
-

Скопјанка пронајдена почината во возило на автопатот Гевгелија - Велес
-

Димитриеска-Кочоска: Владата ја продолжува до 12 октомври мерката со која ДДВ за дизелот се намалува на 10%
-

„Одмаздници: Завршница“ повторно на врвот на бокс-офисот во Северна Америка
