Собранието треба да ја продолжи 67. седница

Собранието на Република Мкаедонија денеска треба да ја продолжи 67. седница. На дневен ред на седницата, меѓудругите, се предлог законите за изменување и дополнување на законите за катастар на недвижности, за процена, за медијација, за вештачење, за Академијата за судии и јавни обвинители, за постапување по претставки и предлози и за електронско управување, сите во прво читање.
Пратениците во рамки на оваа седница треба да ги разгледаат и законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, за безбедност и здравје при работа, за социјалната заштита, за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, за Академијата за наставници..., исто така, во прво читање.
Македонското Собрание треба да расправа и по неколку предлог законски решенија поднесени од пратениците од опозициските партии, како и Предлог законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, по скратена постапка.
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
