Македонија
8. January 2020 - 16:53

Собранието се надева на навремена ратификација на протоколот за членство во НАТО

Собранието се откажа од предвремена ратификација на протоколот за членство на Македонија во НАТО. По формирањето на шпанската влада, спикерот Џафери се надева дека овој собраниски состав ќе има можност да го ратифкува документот во редовна процедура пред 12 февруари, за кога е најавено распуштањето на законодавниот дом.

Политичката разврска во Шпанија е добра вест за сите политички партии во земјава. СДСМ повикува на одгворност од страна на опозицијата, додека ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе ја поддржи ратификацијата на проколото за власта да нема изговори.

Добро е и мотивирачки за нас што успеа Шпанија да формира Влада, секако дека членството во НАТО на Република Северна Македонија е техничко прашање. Реализирана е, заедно на СДСМ со коалицијата, стратешката цел на државата, а тоа е интеграцијата во НАТО Алијансата. Јас очекувам дека многу брзо ќе дојде моментот да го ратификуваме договорот и во Собранието во Република Северна Македонија. Од таа причина очекувам и повикувам на одговорност на сите политички чинители, внатре во Собранието, вели Костадин Костадинов.

Со редовна собраниска процедура за ратификација на проколото за членство во НАТО Алијансата се согласни и албанските политички партии. Сепак велат дека се подготвени и за предвремена поддршка на докумантот, ако шпанската ратификација не се случи најдоцна до почетокот на февруари.

Иако важен за полноправното членство во НАТО, полтичките партии се уште немаат постигнато договор за Законот за одбрана. За неговово изгласување е потребно двотретинско мнозинсто, кое власта се уште го нема обезбедено, бијдеќи за ВМРО-ДПМНЕ е спорна промената на името на армијата.