Собранието разгледа повеќе закони, гласањето ќе биде дополнително закажано
Собранието попладнево ја продолжи 34. седница, на чиј дневен ред се повеќе предлог-закони во прво читање. Кај пратениците генерално немаше интерес за расправа и не гласаа. Потпретседателот на Собранието Горан Мисовски информира дека пратениците за гласањето дополнително ќе бидат информирани.
На седницата заврши општата расправа по повеќе предлог закони во прво читање, како Предлог- законот за изменување на Законот за стоковните резерви, Предлог- закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите и беше донесен заклучок дека тие можат да се дадат на натамошно, односно второ читање и до соодветните собраниски комисии. Гласањето по овие закони дополнително ќе се изврши.
Мисовски информира дека Информацијата за нацрт-концепција за основно образование, поднесена од група пратеници, ќе се разгледува штом се создадат услови за тоа. Тој ја прекина седницата и најави дека пратениците ќе бидат дополнително информирани за нејзиното продолжување.
Собранието претпладнево во рамки на 34. седница го усвои Предлог законот за измени и дополнувања на Законот за даноците на имот, во прво читање и го даде на понатмошна постапка.
Ново на Сител
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот
-
Почнува кампањата за парламентарните избори - ВМРО-ДПМНЕ традиционално во Охрид
-
Караванот на СДСМ и коалиција почнува од ИЕ4
-
Специјализантите в понеделник во 5 до 12 ќе штрајкуваат пред Министерството за да ги види и слушне Демири
-
Мицкоски во Охрид на увид во градежни активности во 3 клучни проекти
-
СДСМ ја стартуваше кампањата – нема откажување додека Македонија не стане дел од ЕУ
-
ДУИ: По изборите Османи е шеф на државата, Села спикер, а Бугарите дел од Уставот