Собранието предлагач на референдумот - владата собира пари за кампања
Владата собира пари, Собранието ќе бара начин како да ги потроши. Нема договор меѓу коалиционите партнери од владејчкото мнозиснтво за начинот на кој ќе се финансира пропагандата за референдумот за промена на името.
„Во текот на оваа седмица, најверојатно во среда, ќе се одржи координативна средба кај претседателот на Собранието... очекувам дека на таа средба ќе бидат идентификувани, договорени и дефинирани натамошните чекори во врска со одржувањето на референдумот, закажан за 30 септември“ – вели во изјава за Сител Томислав Тунтев, координатор на собраниското мнозинство.
Дека договор внатре во коалицијата на власта нема, денеска потврди и претседателот на ЛДП
Од БЕСА велат дека ќе го поддржат референдумот но сметаат дека пропагандата што власта ќе ја води за него ќе се претвори во партиска кампања. Според нив, едностраното финансирање на учесниците во пропагандата за референдумот може да биде спорно
Едни од оние кои сметаат дека државата треба да ја финансира и нивната кампања се членовите на движењето Бојкотирам. Тие денеска од Владата и официјално побараа за промоција на позициите за бојкот на референдумот за нив да одвои исто толку пари колку што ќе му стави на располагање и на Собранието
Во меѓувреме владата се уште тактизира. Освен министерката Шеќеринска која најави дека ќе даде милион евра од парите на граѓаните за пропаганда за референдумот, ниту едно друго министерство не открива дали и до која мера ќе го одврзе кесето
Во ВМРО-ДПМНЕ партискиот став се уште се гради. Како опозицијата ќе се постави во пресрет на референдумот ќе решаваат партиските органи. Извори на Сител брифираат дека уште во текот на денешниот ден партијата ќе се координира со пратеничкaтa групи за да дефинира став за тоа дали ќе поддржи Собранието да се вклучи во пропагандата за референудмот со пари од граѓаните.
-
Александар Спасовски
Сите содржини од овој новинар