-->
-->
Собранието повторно отворено за посета на граѓаните
-->
Посетите на граѓаните на Собранието на Република Македонија кои беа времено прекинати поради изведување градежни работи на зградата на Собранието повторно се востановуваат.
Како што информира собраниската прес-служба, сега повторно се отвора можност граѓаните да ја разгледаат внатрешноста на зградата како значајно историско обележје на македонската државност, меѓу кои и свечениот дел на Собранието и да добијат одговор на нивните прашања.
Собранието ќе биде отворено секој последен петок во месецот, а заинтересираните граѓани потребно е да се пријават на телефон 02 3 113 683 или на е-маил s.stamenkovska@sobranie.mk, најдоцна пет работни дена пред посетaта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Путин верува дека САД вложува „искрени напори“ за прекин на војната во Украина
-
Од утре аплицирање за субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година
-
Ангелов: Спречено проширување на пожарот во „Јасен“
-
Во Црна Гора и натаму активни повеќе пожари, но без нови жаришта
-
Царинска управа: Откриена царинска измама вредна седум милиони денари при увоз на месо
-
Тројца малолетници нападнале свој врсник во Кисела Вода и пробале да му го одземат телефонот
-
На пешачки премин удрено 9-годишно девојче
-
Во домот на 16-годишник пронајдени марихуана, кокаин, пиштол и куршуми