Собранието на РМ ќе ги одржи 87. и 85. седница
Собранието на Република Македонија денеска ќе го одржи првото продолжение на 87.седница на чиј дневен ред се Предлог-законот за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој, по скратена постапка и предлог - законите за изменување и дополнување на законите за извршување на санкциите и за јавнообвинителска служба, двата по скратена постапка.
По завршувањето на 87.седница, Собранието ќе го одржи шестото продолжение на 85. седница со расправа за Предлог-законот за дополнување на Законот за одбрана, по скратена постапка, предлог-законите за медицинските сестри и акушерките и за слободните здравствени зони, за дополнување на законите за градење и за градежно земјиште, за урбано зеленило, сите во прво читање.
Пратениците ќе ги разгледаат и предлог-законите за изменување на Законот за заштита од пушењето, за дополнување на Законот за административни службеници, за изменување и дополнување на законите за буџетите, за јавен долг, за материјално обезбедување на невработени лица поради приватизација на претпријатијата со општествена и државна сопственост, сите во прво читање, поднесени од пратеници од опозицијата.
На дневен ред на седницата се и Предлог автентично толкување на член 136 став 1 алинеја 1 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, како и четири барања за давање на автентично толкување на членови од законите за парнична постапка, за облигационите односи, за персоналниот данок на доход и за работните односи, поднесени од Горан Милевски.
Ново на Сител
-
Што очекуваат Македонците во Америка од Доналд Трамп?
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Трамп избран за претседател на САД
-
Рамноправен регионален развој за спречување на иселувањето
-
Фетаи: Администрацијата е неефикасна и политизирана, потребни се реформи
-
Високото образование ќе се реформира од корен, нов закон, студиски програми, повеќе пари за наука
-
Трамп избран за претседател на САД
-
По победата на Трамп, Мицкоски очекува зајаканати односи Македонија – САД