Собранието ќе одржи продолжение на 71. седница
Републичкото Собрание денеска треба да одржи продолжение на 71. седница, на чиј дневен ред се Годишните извештаи за 2021 година работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија, на Државната комисија за спречување на корупцијата, како и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2021 година.
Пред пратениците на оваа седница е и Предлогот за кандидат за потпретседател на Собранието на Република Северна Македонија, но и интерпелацијата за работата на претседателката на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска.
На дневниот ред е и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка, како и Предлог-законот за дополнување на Законот за животната средина и Предлог – законот за изменување на Законот за работните односи.
Годишен извештај за работата на Државната комисија за жалби по јавни набавки за 2021 година, Информација за пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија – 2021 година, како и предлог – одлуките за испраќање на припадник на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „EUTM RCA“ во Централноафриканската Република, се исто така меѓу точките на агендата за собраниската седница.
Како што е најавено, на оваа седница пратениците треба да расправаат и по Предлог-законот за финансиска стабилност, за Предлог на закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам, како и по Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, по скратена постапка.
Ново на Сител
-

Туск: Русија го наруши воздушниот простор на Полска при ноќешните напади врз Украина
-

Возач од Гевгелија фатен со речиси двојно поголема брзина од дозволената
-

Продолжува гаснењето на пожарите на грчките острови Крит и Лезбос
-

Ревизијата утврди недоследности во работењето на ФЗО
-

Андоновски и Ангеловски ќе ги промовираат новите електронски услуги на Државниот инспекторат за земјоделство
-

Во Словенија прогласена портокалова и црвена фаза на опасност од пожари поради топлотниот бран
-

Православните денес ја слават Света великомаченица Марина – позната како Огнена Марија
-

Во Собранието последна седница за пратенички прашања пред годишните одмори
