-->
-->
Собранието ќе ја продолжи петтата седница
-->
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи петтата седница на која како последна точка на дневен ред е изборот на заменици - министри на Владата.
Оваа точка по барање на пратеникот Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ вчера беше поместена како последна на седницата со цел пратениците да имаат повеќе време да се подготват за дебата.
Пред да расправаат за изборот на заменици - министри, пратениците во македонското Собрание ќе ги разгледаат годишните извештаи на неколку институции, а ќе дебатираат и за граѓанската иницијатива за донесување на закон за изменување на Законот за работни односи со која се бара продолжување на породилното отсуство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
На 64-годишна возраст почина српскиот актер Борис Комнениќ
-
Познати историски личности чии гробови никогаш не се пронајдени
-
Во светот над 117 милиони луѓе инфицирани со Ковид-19
-
Во Швајцарија референдум за забрана за покривање лица на јавни места
-
Приведен криминалец од тетовско баран со потерница
-
Пристигнува прва пратка вакцини против КОВИД-19 од рускиот производител Спутник В
-
ВМРО-ДПМНЕ: Заев од храбрење за стабилно мнозинство се сведе на приказни за широка влада само за да се спаси од одговорност
-
Обезглавени тела и отсечени глави, Вучиќ прикажа фотографии од злосторствата на Веља Невоља | ВОЗНЕМИРУВАЧКО