Македонија
29. September 2015 - 8:33

Собранието ќе ја продолжи 67. седница

Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 67. седница со расправата по измените и дополнувањата на Законот за јавни набавки.

На ова продолжение пратениците треба да расправаат по измените и дополнувањата на Законот за ТИРЗ, за Законот за индустриски зелени зони, по Предлог-законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2016 година, за измените и дополнувањата на Законот за пензиското  и инвалидското осигурување, на Законот за социјалната заштита и повеќе други закони од сфетата на економијата и финансиите.

Меѓу точките на дневен ред кои вкупно изнесуваа 100, се и измените и дополнувањата на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, на Законот за Академијата за судии и јавни обвинители, Законот за постапување по претставки и предлози, повеќе законски решенија од областа на здравството, културата, социјалната заштита,образованието и предлог законски решенија од опозицијата.