Собранието ќе ја продолжи 124. седница

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја продолжи 124. седница на која треба да гласа за Предлогот на закон за вработување на сто најдобри дипломирани студенти на јавните универзитети во Република Македонија.
За ова законско решение, Собранието ќе гласа откако претходно Комитетот за односи меѓу заедниците ќе се изјасни дали треба да се гласа со двотретинско мнозинство по барање на пратеникот Талат Џафери.
Тој на вчерашната собраниска седница побара за предложеното законско решение да се гласа по Бадентер и за овој негов предлог да се изјасни Комитетот за односи меѓу заедниците. Според Џафери, идејата за вработување на најдобрите студенти е добра, но спорен е критериумот кој се однесување на течно познавање на македонскиот јазик со што се ставаат во нерамноправна положба сите кандидати.
Собранието треба да ги разгледа и Предлогот на закон за даночни, царински и други фискални погодности во врска со одржувањето на УЕФА Супер Куп 2017 во Република Македонија, Предлог-измените на Закон за ревизија на инструментот за претпристапна помош (ИПА), измените на Законот за вршење на сметководствени работи, измените на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, како и Предлог законот за дополнување на Законот за данокот на добивка, и измените на Законот за спортот, сите по скратена постапка.
Ново на Сител
-

Зеленски го осудува недостатокот на меѓународен одговор на руските напади
-

Руте: Сојузниците издвоија лани повеќе од 10 милијарди долари помош за Украина
-

ЕУ и обезбедува на Шпанија помош од 115 милиони евра за справување со миграциската криза во Сеута
-

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите
-

Ферари и Леклер добро минаа по инцидентот во Монца
-

Ненадејно почина познатиот грчки пејач Јоргос Мазонакис
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
