Собранието ќе ја одржи 51-та седница
Собранието денеска треба да ја одржи 51-та седница на чиј дневен ред се повеќе предлог-законски решенија од различни области.
Пратениците треба да ги разгледаат и да гласаат по Предлог-одлуката за испраќање припадник на Армијата на Република Македонија за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина, Дополнетиот предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговија, во второ читање, Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај, по скратена постапка.
На дневен ред на оваа седница се и Предлог-законот за заштита на физичките лица во врска со обработката на личните податоци за цели на спречување, истрага, откривање или гонење на кривични дела или за извршување на кривични санкции, Предлог-законот за Академија за судии и јавни обвинители, предлог-законите за граѓанска одговорност за навреда и клевета и за адвокатурата, Предлог-законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, сите во прво читање.
На оваа седница пратениците треба да ги разгледаат и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за просветната инспекција, Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки, Предлог-законот за дополнување на Законот за ловството, сите во прво читање.
Ново на Сител
-
МНРиНТ со осуда на изјавите на Георгиев, во Министерството повикан на разговор бугарскиот амбасадор Радуков
-
Прогласена елементарна непогода во пет градови и 11 општини во Србија поради пожари
-
Нова дигитална услуга на МВР: Уверение за жителство за моментална адреса на живеење
-
Уапсени две лица од Куманово, палеле кабли на дива депонија
-
Притвор за сопственикот на отпадот по нападот врз новинари
-
Мицкоски: Го зачувавме статусот на Охридското Езеро, ќе се урнат дивоградбите
-
Мицкоски за изјавата на бугарскиот министер Георгиев: Тоа е како кога глушецот го задева лавот
-
Татко ја врзал со јаже за врат и раце својата 11-годишна ќерка, снимал и објавил на социјални мрежи | ВИДЕО