Собранието ќе гласа за локални избори во првата половина на октомври
Собранието на Република Македонија денеска напладне ќе ја започне четвртата седница на која на дневен ред се избор на членови на парламентарните комисии, како и измените и дополнувања на Изборниот законик и на законите за основно и за средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите по скратена постапка.
Предлог на законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, по скратена постапка е поднесен од Оливер Спасовски, Ејуп Аљими, Африм Гаши и Весел Мемеди. Со измените на Изборниот законик се предлага изборите за членови на совет и за градоначалник наместо да се одржуваат во првата половина на мај ,да се одржуваат секоја четврта година истовремено во сите општини, во првата половина во октомври.
Измените на законите за основно и средно образование и за наставници во основните и средните училишта, сите по скратена постапка, се поднесени од пратениците од владејачкото мнозинство и со нив се предвидува укинување на екстерното тестирање на учениците.
Ново на Сител
-
Продолжува судењето за убиствата на Вања и Панче
-
ДКСК избира заменик претседател, членовите ќе постапуваат и по конкретни предмети
-
Зеленски: Разговорите со американскиот пратеник ја вратија надежта за договор со САД
-
Нетанјаху најави „интензивни операции“ на Западениот брег по нападите во близина на Тел Авив
-
Рубио: Трамп и Путин ќе се сретнат само ако има напредок за крај на војната во Украина
-
Ведро и многу студено, минусни утрински температури
-
Сообраќајот тековно, изменет режим на автопатската делница Демир Капија – Смоквица
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина