Македонија
19. July 2018 - 18:33

Собранието ја усвои Декларацијата за НАТО

Собранието денеска ја прифати Декларацијата за НАТО со 67 гласа „за„ и нут еден против. Документиот едногласно беше прифатен и од сите пратенички групи. Сепак, иако единствени во гласањето и заложбата за членство во Алијансата, пратениците од власта и опозицијата со различи ставови за тоа како да се дојде до НАТО.

Од опозциската  ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа Декларацијата и ветија дека  ќе дадат силен придонес на патот за интеграција во НАТО, но и дека самото членство нема да дојде така лесно, ниту пак, ќе ги подобри работите во државата.

- Навистина е придобивка да се биде член на овој сојуз, но истовремено е сериозна одговорност. Членството во НАТО не значи дека веднаш од исток и од југ, од запад и од север ќе се отворатславините и во Република Македонија ќе тече мед и млеко. Членството во НАТО значи многу работа и обврски за сите граѓани во Македонија, владеење на правото, независно судство, развиен образовен и здравствен систем… факт е оти ВМРО-ДПМНЕ беше онаа политичка опција која во 1990 година се формираше врз три постулата за независна Македонија, влез на РМ во европската заедница и влез на РМ во НАТО, изјави Драган Данев

Споритвно на Данев, Локвенец до СДСМ пак, вели дека влезот во НАТО директно носи безбедност и стабилност, но сепак, како што посочи, најголемите индиректни влијанија што ги носи членството не се воени, туку економски бенефиции.

– Искуствата на земјите од ЈИЕ поврзани со членството во НАТО покажуваат дека кога некоја држава ќе се приклучи на Сојузот не може, а да не се споменат дополнителните ефекти што се одразува во државата, а се од економска природа поврзани со раздвижување на бизнисот и со зголемување на вложувањата од страна на странски инвеститори, рече Локвенец.

Декларацијата беше поднесена ден по поканата од НАТО за предпристапни преговори за членство на Македонија во Алијансата наредната година. Ова е петта по ред ваква Декларација ја носи парламентот од самостојноста на државата.  Во неа се бара од Владата да ги спроведе приоритетните реформиски обврски за полноправно членство во НАТО.