Собранието ја почна расправата за имунитетот на Вељаноски
Пратениците ја почнаа расправата за одземање на имунитетот на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Вељаноски, на барање на Основен суд Скопје I Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција поради постоење на основно сомнение дека е сторено кривично дело-Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.
По два дена жестока дебата, собраниската Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања синоќа не донесе одлука за барањето на Кривичниот суд за одобрување притвор на пратеникот и поранешен претседател на Собранието поради сомнение за вмешаност во настаните од 27 април.
Гласањето беше изедначено, односно четири гласа беа „за“ и четири „против“ што значи дека сега одлуката дали ќе му биде одземен пратеничкиот имунитет на Вељаноски ќе треба да ја донесе Собранието.
Барањето за одземање на пратеничкиот имунитет на Вељановски следи откако тој заедно со Миле Јанакиески и Спиро Ристовски во средата беа приведени на распит поради сомнение дека се дел од организаторите на настаните од 27 април. Вељаноски тогаш се повика на пратеничкиот имунитет
Ново на Сител
-
Судски совет утре избира нов претседател
-
Во Тетово фатени двајца избегани од затвор
-
Во Швајцарија стапи на сила забрaната за носење бурка, казна од 1.064 евра за прекршување
-
Мицкоски: Во завршни преговори сме со компанија од многу моќна членка на ЕУ за инвестиција меѓу 350-360 милиони евра
-
Скопје втор најзагаден град во Европа
-
Девојка загинала на скопска обиколница: Паднала од надвозникот и починала
-
Вооружениот напаѓач кој уби 15 луѓе во Њу Орлеанс служел во американската армија
-
Најмалку 12 мртви во масакрот во Цетиње, сторителот се самоуби