-->
-->
Собранието им го одзема имунитетот на шесте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ
-->

Се гласаше поединечно за секој пратеник за кој Основниот суд 1 побара одземање на имунитетот поради притвор. На седницата присуствуваа 67 пратеници, а за одземање на имунитетот на колегите гласаа 67, односно 66 пратеници.
Пратениците на ВМРо-ДПМНЕ не присуствуваа на седницата.
Пред расправата престедателот на Собранието Талат Џафери побара од говорниците да се воздражт од навредливи квалификации и од навлегување во независноста на судството.
Пратеникот Павле Богоевски, кој е и претседател на Комисијата за мандатно-имунитетни прашања претходно предложи двете точки од Дневниот ред да се спојат во една точка и да се гласа поединечно за секој пратеник.
– На расправата на Комисијата вчера предлогот беше идентичен како денеска, но бидејќи станува збор за еден ист кривично правен предмет вчера Комисијата одлучи да ја спои расправата и да гласа поединечно за секој од пратениците – рече Богоевски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Маск: Американската поштенска служба и „Амтрак“ треба да се приватизираат
-
СВР-Битола апелира да не се палат стрништата на нивите
-
Нов Зеланд го отпушти својот амбасадор во Британија поради критички коментари за Трамп
-
Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето
-
Приведен кичевец за „безобѕирно управување моторно возило “
-
Засилени сообраќајни контроли: 682 санкции за возачи, 68 за возење без возачка дозвола
-
Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите
-
Лаж: Ќе одиме во Барселона да победиме и да се пласираме во следната рунда