Собранието го ратификуваше Протоколот за НАТО со 114 гласа ЗА
Пратениците едногласно го ратификуваа протоколот за членство на Македонија во НАТО. Од денеска знамето на Алијансата се вее пред собраниската зграда.
Свечената церемонија ја проследи целиот државно-политички врв и претставници на дипломатскиот кор.
Претседателот Пендаровски порача дека ова е последната фаза од исполнување на стратешката цел на Македонија цели 30 години. Макеоднија застанува рамо до рамо со најмоќните светски сили, што покрај привилегија, шефот на државата вели дека носи и голема одговорност.
Според техничкиот премиер Оливер Спасовски, овој пратенички состав ја има честа да го оствраи сонот на сите политички структури досега кои се еднакво заслужни за членството на Македонија во НАТО.
Безбедноста и сигурноста на граѓаните и државата отсекогаш биле и остануваа приоритет за ВМРО-ДПМНЕ порача преку собраниската говорница координаторот на пратеничката група на опозицијата.
Во името на пратеничката група на ДУИ, Ахмети порача дека членството во НАТО и Европската унија се двете прашања кои ги држи заедно македонските и албанците од осамостојувањето на Македонија до денес.
И според лидерот на СДСМ ова е историски ден за земјава што ги обединува сите политички партии и пратеници во Собранието.
Северноатлантскиот договор кој го ратификуваа пратениците содржи 15 члена во кои се предвидени придобивките но и обврските на Македонија со зачленувањето во НАТО. Документот ќе биде испратени ви Вашингтон , а ќе почне да важи по ратификацијата од страна на Шпанија што се очекува до крајот на март.
-
Деспина Tодоровска
Сите содржини од овој новинар