Македонија
20. јуни 2018 - 17:31

Собранието го ратификуваше договорот за името

Собранието го ратификуваше договор меѓу Македонија и Грција за преименување на државата во Република Северна Македонија кој во неделата го потпишаа Никола Димитров и Никос Коѕијас во присуство на Заев и Ципрас.  За ратификацијата едногласно гласаа 69 пратеници од владејчкото мнозинство на СДСМ и ДУИ со опозциските БЕСА на Касами и Алијансата на Села. ВМРО-ДПМНЕ ја бојкотираше седницата на парламентот. Не беше присутен ни Ферид Мухиќ од владејачкото мнозинство кој вчера гласаше против потребата за ратификација.

- Имаме договор со јасно обележје на нашиот македонски идентитет, на нашиот македонски јазик, за век и векови. Никому ништо не сме му подариле ниту некој ни земал нешто кога се договоривме за географска одрдница. Ова е храбар чекор во интерес на иднината на граѓаните и нашите деца, за спокојна иднина. Да ги отфрлиме манипулациите и излолацијата и да му понудиме шанса на договорот,

Премиерот го најави референдумот за крајот на септември или почетокот на октомври. Заев се заблагодари на сите влади кои досега преговарале за да се реши овој спор, посебно му честита на Димитров за постигнатиот договор, но и на грчката страна. Пратениците од власта го наградија со аплауз и честитки.

Партијата на Мицкоски пак, најави дека ќе го оспорува документот преку Венцијанската комисија.

- Власта на Зоран Заев на овој начин не сака да ги слушне критиките од јавноста бидејќи прифати договор со кој се менува Уставот, се брише терминот Македонија, се менува и задира во националниот идентитет, се откажуваат од малцинствата, спомениците се прикажуваат за грчки и се прифаќаат еден модерен геноцит...Ние за ваквиот противуставен договор ќе побараме и толкување од веницијанската комисија за утврдување на правната природа на истиот договор.

Опозициската партија се уште не решила каква ќе биде одлуката по однос на референдумот кој е во најва, ниту пак како ќе се однесува за изборот на нов состав на ДИК што треба да го спроведе гласање, а во кој токму ВМРО-ДПМНЕ треба да го има претседателот.

Дебата во Собранието по повод ратификацијата се сведе на 10-тина пратеници.

Договорот веќе е испратен кај Иванов на потпишување. Доколку тој остане на својата најава дека не става свој потпис на указот за стапување во сила, законот за ратификација во рок од седум дена се враќа во парламентот на прегласување. Со тоа се отвара можноста и за ново џебно вето на Иванов како законот за јазици.