Собранието ги усвои уставните измени, Македонија го менува уставното име
Парламентот ги донесе историските измени на Уставот согласно Догворот од Преспа. Република Македонија станува Република Северна Македонија, се прават измени во Преамбулата. Македонија ќе го штити македонскиот идентитет, ќе ги гарантира и негува особеностите, историското и културното наследство на македонскиот народ.
Државјанството ќе биде македонско коса црта граѓанин на Република Северна Македонија.
Уставните амандмани ќе стапат во сила и ќе имаат правно дејство по ратификацијата на Спогодбата и ратификацијата на протоколот на членство на Македонија во НАТО од страна на Грција.
На седницата амандман поднесоа од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во кој побараа името Република Северна Македонија да важи само за надворешна употреба. Владата не го прифати амандманот, но премиерот Зоран Заев образложи зошто ја направи отспаката.
Пратеничката Канчевска Милевска образложи дека овој амандман е начинот на кој опозицијата требаше да учествува во процесот на уставните измени со цел да ја обрани државата. Таа ја обвини поранешната матична партија ВМРО-ДПМНЕ за лажен патриотизам
Финална седница за гласање на амандманите и уставниот закон откако беше постигнат договор помеѓу Заев иБЕСА на Касами по три дневни преговори околу делот македонско во државјанството. Тие се догворија во уставниот закон да се достави став со кој ќе се гарантира превод на државјанството на јазиците на етничките заедници.
Четирите амандмани на Уставот и уставниуот закон треба веднаш да бидат објевени во Службен весник. Со тоа Македонија ги исполни своите обврски преземени со Спогодба од Преспа. Процесот се сели во Атина, а според највите треба да заврши до крајот на месецов.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар