Собранието ги изгласа измените на Изборниот законик, изборите на 5 јуни

Собранието на Република Македонија по полноќ, со 73 гласа „за“ и седум „воздржани“, како и 22 гласа „за“ и шест „воздржани“ од пратениците кои не се мнозинство во Република Македонија, го донесе Законот за изменување на Изборниот законик, по итна постапка, со кој се предвидува изменување на одредбата изборите да се одржат на 24 април 2016 година и се пролонгира датумот за 5 јуни 2016 година.
Исто така, со измените се предлага одложување на датумот за забрането платено политичко рекламирање кај радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите). Сега се предвидува од 27 февруари 2016 година радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми, (интернет порталите) да не смеат да емитуваат, односно да објавуваат реклами финансирани од буџетот на РМ, од буџетите на општините и на Градот Скопје и на сите други лица на кои со закон им е доверено вршење на јавни овластувања.
Претходно, Предлог измените на Изборниот законик, по итна постапка, беа изгласани од членовите на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно - правната комисија.
Собранието на Република Македонија пред полноќ во рамките на 95-тата седница со 83 гласа „за“ и три „против“ ја донесе и Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, поднесена од пратениците од ДУИ и ДПА и пратеничката Лилјана Поповска.
Ново на Сител
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
-

Косовски државјанин се судрил со контејнери, семафор и повеќе автомобили, па продолжил да вози
-

Три возила се судриле на патот Охрид-Кичево, еден од возачите приведен
-

Приведена 55-годишна жена во Тетово, пронајдени пиротехнички средства
-

Приведени 40 лица поради непријавен огномет во близина на Ајфеловата кула
-

Украина ноќеска соборила 30 дрона, Русија неутрализирала 25, запалена е рафинерија во Самарскиот регион
-

Почина славната актерка Брижит Бардо
-

Герасимовски: „Џез под ламба“ ги сплоти скопјани, незаборавна џез вечер и празнична магија во Центар
