Македонија
25. July 2018 - 21:20

Собранието ги избра членовите на ДИК

Со 100 гласа „за“ и нуту еден против Собранието го ибра новиот состав на Државната изборна комисија. Претседателот во највисокотот изборно тело ќе го има опозицијата, додека пак, мнозинството власта. Изборот на ДИК се случи откако ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ денеска по неколку дена клонсултации постигнаа согласнст за спорните точки и го спроведоа договоренотот од лидерската средба од понеделникот.

Освен ДИК, без збор дебата и со поддршка од над 100 пратеници експресно беа донесени и догворени измени во Законот за влада, во изборниот законик, потоа за финансирање на политичките партии и измени на законот за влада. Опозицијата добива техничка влада 100 дена пред избори со 2 министри: во внатрешни работи и труд и социјална политика и дополнителни заменици во финасии, информатичко општество и администрација и земјоделие. Во делот на финансирање на партиите догворено е да се зголеми за двојно процентот на буџетски пари што ќе ги добиваат партиите со цел да нема сомнителни финансирања и донации. Се прават и измени во делот на изборната кампања.

Сепак власта и опозцијата остануваат на различни страни за рефенрендумот. Најавите се дека дека тој ќе биде распишан најдоцна до 30 јули, а најверојатно е дека тоа ќе биде направено во сабота. Рефенрендумот би се одржал на 30 септември.

Премиерот Заев вели дека референдум ќе има без разлика на ставот и исходот од разговорите со ВМРО-ДПМНЕ за референдумското прашање и типот на референдумот. Тој за прв ја остави отвиорена и опцијата Собранието да одлучува за потребните уставните измени доколку не биде постигнат потребниот цензус на референдумот. Ваквата изјава на Заев се толкува како мерка против евентуалниот бојкот.

Со ова темпо уставните измени би се случиле некаде во јануари, додека пак во февруари би требала да се очекува ратификацијата на Спогодбата од грчка страна.