-->
-->
Собранието ги донесе измените на Законот за вино
-->

Собранието на Република Северна Македонија на денешното продолжение на 116-тата седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за вино, во второ читање, со кои се подобруваат условите за производство на вино на малите винарии и на физичките производители.
За измените не гласаа пратениците од опозицијата, бидејќи тие сметаа дека овој закон не ги решава проблемите на лозарите како што се загарантираниот откуп и загарантирана цена, туку се однесува повеќе за винариите.
На малите винарии, кои произведуваат до 100.000 литри вино годишно, со измените им се дава можност да работат со ангажиран енолог, а не како досега да мора да имаат вработено дипломиран енолог, додека физичките лица ќе можат да произведуваат вино со какво било завршено средно образование.
Во прво читање помина Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за одбрана со кој се усогласуваат одредени негови делови со стандардите на НАТО, а се врши и терминолошко усогласување и прецизирање на одредени поими.
Заменик министерот за одбрана Беким Максути рече дека имајќи предвид дека земјата се наоѓа во еден од најкритичките моменти за нејзиното полноправно членство во НАТО, со законот се врши усогласување со членот 5 од НАТО Пактот, дополнително се вршат измени за усвојување на основните стратешки одбранбени документи и за преуредување на надлежностите на државните органи во областа на одбраната во смисла на ова членство.
Се предлага, меѓу другото, уредување на надлежностите на Владата да одлучува за влегување и излегување на вооружени сили на странски држави внатре и надвор од територијата на Републиката, поминување или престој во врска со нивното учество на вежби, обука, хуманитарни операции, меѓународни операции, НАТО мисии и операции и во примената на правото на индивидуална или колективна самоодбрана, операции за кризен менаџмент и кооперативна безбедност, како и во команди, штабови и воени единици на меѓународни организации на територијата на Републиката, во согласност со меѓународните договори ратификувани согласно Уставот“.
Пратениците ги поддржаа во прво читање и потребата за носење на измените и дополнувањата на Законот за правда на децата, како и Предлог законот за лобирање
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична пријава против две лица поради нелегален транспорт на дрва
-

Во гостиварско приведени четири лица откако биле затекнати како вршат нелегален ископ за пронаоѓање злато
-

Приведени повеќе лица за нарушување јавен рeд и мир со меѓусебна физичка пресметка, употребиле стаклен предмет
-

19-годишниот Македонец кај кого биле пронајдени фалсификувани 98.500 евра останува во притвор во Бугарија
-

Нафтата денес на светските пазари достигна највисока цена во последните пет месеци
-

Денеска се одбележува Денот на ОН
-

Приведен српски државјанин, управувал возило со брзина од 166км/ч на местот каде брзината е ограничена на 80км/ч
-

Приведен албански државјанин во прилепско, затекнат е како предизвикува пожар на отворено
