Собранието експресно ги изгласа измените на Кривичниот законик
Во експресна собраниска процедура и со европско знаменце, за два дена владејачкото мнозинство со 48 гласа даде зелено светло на измените на Кривичниот законик со кои се намалуваат законските казни за злоупотреба на службената функција и злосторничко здружување.
Опозицијата обвинува дека измените се обид за амнестија на криминалите на актуелната власт.
Пратениците од власта во одбрана велат измените предвидувале прецисни законски одредби и дефинирани кривични дела.
Откако опозицијата обвини дека се случува невиден преседан што министерот за првада не стои позади ваквиот изменет закон, неговата заменичка конкретно не одговори но им врати дека измените имаат само цел да се усогласи законодавството со европските регулативи.
БЕСА, Алтернатива и Демократското движење пак велат дека на ваков начин ќе застарат речиси сите кривични дела за кои е обвинет екс премиерот Груевски.Вицепремиерот Груби пак вели измените освен што се хармонизација со европското право се и ексклузивно барање и на опозицијата.
Опозицискиот лидер Мицкоски пак дециден и покарј ваквите измени одговорност за криминалите на власта ќе има.
Според измените на Кривичниот законик се предвидува дека злоупотребата на службената функција ќе се казни со затвор од 1 до 4 години, а со вовоедувањето на горната граница од 4 години делото може побрзо да застари. За злосторничко здружување казната затвор од 10 години се намалува на најмногу 3.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар