Бизнис
31. May 2022 - 16:38

Собранието едногласно ги изгласа земјоделските закони

Веднаш може да почне исплатата на субевнциите за тутунарите. Пратениците едноглансо го поддржаа измените во законот за земјоделство и рурален развој откако претходно власта и опозицијата меѓусебно се обвинија за нивното доцнење. Според министерот Николовски, парите за тутунарите се обезбедени со буџетот и не е потребен ребаланс за да бидат исплатени, но ВМРО ДПМНЕ го блокира носењето на законот.

Опозицијата го поддржа законот за тутунарите конечно да можат да ги земат парите, но велат дека законското решение не ги уредува докрај деталите, а земјоделците и натаму ќе бидат незадоволни.

По гласањето, министерот Николовски со писмо побара од претседателот Пендаровски веднаш да ги потпише измените за 20.000 тутунари да можат да ги добијат субвенциите.