Собранието денеска треба да гласа за законот за ЈО

Собранието на Република Македонија денеска во 13 часот треба да ја продолжи работата по 135. седница, на чиј дневен ред се Предлог-законот за јавно обвинителство и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за Советот на јавни обвинители.
Расправата за Предлог-законот за јавно обвинителство заврши доцна синоќа, а гласањето, како што соопшти претседателот на Собранието Талат Џафери, ќе се спроведе кога ќе се обезбеди потребното мнозинство.
И изминатиот ден во фокусот беше законот за јавно обвинителство. Премиерот Оливер Спасовски смета дека во Собранието прво треба да се донесат сите закони, кои, како што рече, се многу битни за граѓаните, па дури потоа да се распушти Собранието и да се оди на избори.
Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера во Неготино изрази уверување дека законите ќе се донесат, Собранието на време ќе се распушти, а предвремените парламентарни избори ќе се одржат на 12 април.
Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески изјави дека не смее одново да се блокира и опструира донесувањето на законите за ЈО и за Советот на ЈО, кои се темелот на реформите во правосудството и гарантираат неселективна правда и одговорност за сите. Мора да се создадат услови тие да се донесат пред распуштањето на Парламентот.
-ДУИ апсолутно го поддржува законот за ЈО и законот за Советот на ЈО, апсолутно, недвосмислено цела пратеничка група почнувајќи од лидерот Али Ахмети се до последниот, рече на прес-конференција во Собранието координаторот на пратеничката група на ДУИ Артан Груби.
Тој нагласи дека ДУИ не го условува со ниту еден закон, процедура или прашање донесувањето на законот за ЈО.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека власта се брза да го донесе овој закон за да се заштити од криминалите што ги има направено.
Ново на Сител
-

Љутков: Македонскиот јазик е жив израз на нашето постоење и историја, кој се пренесува и ја отсликува силата и истрајноста на народот
-

Британскиот амбасадор Лосон преку видео порака на македонски го честиташе Денот на македонскиот јазик
-

Авионска дезинсекција на скопската територија во четврток
-

УЈП: Над 860 илјади граѓани добија однапред пополнети годишни даночни пријави за 2025 година
-

Постигната спогодба меѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли во врска со тужбата за наводно сексуално вознемирување
-

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател Дан: Добрите политички односи да бидат проследени со поширока економска соработка
-

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива
-

АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
