-->
-->
Собрани над 9,3 милиони денари за настраданите во земјотресот во Албанија
-->
Заклучно до 12 декември се собрани 9.301.612 денари за настраданите во земјотресот во Албанија, што се случи минатиот месец, соопштија од Црвениот крст на Република Македонија.
Средствата се собрани со донирање преку телефонските броеви за донации од Македонски Телеком 143 400 и од А1 Македонија 143 400 и во сметката на фондот за солидарност 300000001327966, истакнуваат од Црвениот крст и им се заблагодаруваат на сите граѓани, компании и институции во државата за несебичната помош и поддршка за настраданите во земјотресот.
Заинтересирани лица и компании, како што се посочува, може и понатаму да донираат преку жиро сметката на фондот за солидарност 300000001327966, а граѓаните од други земји може да донираат во Црвениот крст преку Комерцијална банка АД Скопје, ул. „Орце Николов“ бр.3, на сметка 300000000000133 25730522-11, Swift code: KOBSMK2X и Iban code: MK07300701000001228.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња