Соботка: Британија до излагањето од ЕУ не смее да ги ограничува правата на другите земји
До терминот кога Велика Британија дефинитивно ќе ја напушти Европската унија (ЕУ) важат истите права и обврски на било кој дел од територијата на Унијата.
Ова е реакција на чешкиот премиер Бохуслав Соботка на изјавата на неговата британска колешка Тереза Меј за можна контрола на движењето на луѓето од ЕУ во Британија, јави дописникот на МИА од Прага.
- Ние нема да се согласиме со тоа, Британија да воведува некакви еднострани мерки против работниците од Чешка или од други земји на средна и источна Европа, рече Соботка.
Соботка пред неколку дена, по заедничката седница на Владите на Словачка и Чешка како соседи, оцени дека двете земји се против тоа Британија по излегувањето од ЕУ да има обезбеден пристап на пазарот на Унијата, додека граѓаните на ЕУ би биле дискриминирани на британскиот пазар на трудот.
Ново на Сител
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка