Соборен авион на сириските ВВС над пустински регион во државата

Авион на Военото воздухопловство на Сирија е соборен во сирискиот пустински регион Ел Бадија, јави телевизијата Скај Њуз Арабија.
Според телевизијата, пилотот на авионот МиГ-21 го преживеал падот и бил заробен од припадници на бунтовничка група која го контролира регионот.
Инцидентот се случил во јужниот дел на Сирија во близина на границата со Јордан, каде сириската армија минатиот четврток им нанесе големи загуби на бунтовниците.
Во врска со соборувањето на авионот се огласи групата Осуд ал-Шаркаја, која соопшти дека нејзини бирци ги урнале МиГ-от, кој се наоѓал во борбена мисија.
- Тој е урнат во Вади Махмуд во источниот дел на провинцијата Свејда, изјави портпаролот на групата Ал Хаџ.
Сириските власти засега не ги коментираа информациите за соборувањето на авионот.
Минатиот месец сириските бунтовници соборија воен авион на владините сили на 50 километри источно од Дамаск над територија под нивна контрола.
Ново на Сител
-

Првиот долгометражен филм на Косара Митиќ „17“ ќе има своја премиера на 76. Берлински фимски фестивал
-

Македонија под снег, надлежните уверуваат дека сите патишта се проодни
-

Мицкоски во Давос ги презентира можностите за инвестирање во Македонија
-

Продолжува трендот на одлевање на учениците од штипските училишта
-

Штетата од шумските пожари во 2025-та проценета на околу 50 милиони евра
-

Николоски: Автопатот ќе го завршиме без разлика на сè
-

Преглед на вестите од светот
-

Давидовиќ за Сител: Пронајдените пари се на родителите, а не на Ристов, ќе се жалиме
