Собир во Ереван за сеќавање за годишнината од масакрот врз Ерменците во 1915 година
Речиси 10.000 луѓе се собраа синоќа во Ереван на годишнината од масакрот од 1915 година во Ерменија, за време на Отоманската империја.
Насобраните носејќи факели, тргнаа кон центарот на градот до споменикот на жртвите од масакрот, а некои од нив пееја патриотски песни на звуците од тапани.
Активисти на националистичката и опозициската партија Ерменската револуционерна федерација, кои ја предводеа поворката, го запалија турското и азербејџанското знаме поради неодамнешниот конфликт во спорната област Нагоро-Карабах.
Денот на сеќавање на жртвите денеска и официјално ќе биде одбележан во Ерменија. Околу 30 земји го признаа масакрот како геноцид, а денеска се очекува и Бајден да го стори истото.
Турција и Ерменија се во кавга за маскрот на неколку стотици илјади Ерменци за време на Отоманската империја за време на Првата светска војна. Ерменија смета дека масакрот е геноцид, додека Турција тоа жестоко го отфрла, тврдејќи дека бројот на мртви е претеран.
Историчарите проценуваат дека 1,5 милиони Ерменци биле убиени во Отоманската империја за време и по Првата светска војна, што експертите го сметаат за прв геноцид во 20 век.
Наследникот на Отоманската империја, Турската Република, прогласена во 1923 година, негира дека станува збор за геноцид, туку дека се тоа само жртви на граѓанската војна и немирите за време на распадот на Отоманската империја, чиј број е претеран и дека смртните случаи имало и на двете страни.
Турција соопштува дека во тоа време биле убиени меѓу 250.000 и 500.000 лица.
Ново на Сител
-
Почина Дикембе Мутомбо
-
Драма во Скопје: Маж со нож ги одзел децата од мајката во прифатен центар
-
Жена нападната од поранешниот партнер - Ја натепал и нејзината малолетна сестра
-
82-годишен дедо полово вознемирувал тројца малолетници
-
Еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче во тешка здравствена состојба е пренесен во болница
-
Изминатата недела 45 случаи на Ковид-19, починати две лица
-
Индустриското производство намалено за 3,6 отсто
-
Просечната каматна стапка на вкупните кредити 5,44%, а на депозитите 1,96%