СОБ: Пратениците да го донесат законот за вработените во Министерството за одбрана
Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ) бара пратениците од сите политички партии да ги надминат политичките надмудрувања и да дадат поддршка на законските решенија предвидени во Предлог законот за вработените во Министерството за одбрана, затоа што, како што истакнуваат од Синдикатот со нив првпат се предвидуваат клучни права од работен однос за вработените. Со деблокирањето и донесувањето на овој закон, велат, пратениците ќе покажат дека донесуваат закони во полза на работниците, односно во случајов на вработените во Министерството за одбрана.
-Синдикатот на Одбраната и Безбедноста (СОБ), член на Сојузот на Синдикатите на Македонија (ССМ), кој е единствен репрезентативен синдикат за Јавниот сектор во Македонија, како социјален партнер на Министерството за Одбрана подолг временски период одржуваше преговори со министерката за одбрана Славјанка Петровска, во насока на донесување на законско решение за вработените во МО. Преку социјален дијалог со Министерството за одбрана, Синдикатот на Одбраната и Безбедноста успеа да договори комплетно нов Предлог закон за вработените во Министерството за Одбрана, при што за прв пат се предвидени клучни права од работен однос за вработените во МО и тоа исправување на дискриминацијата на работничките права, еден работодавач – три различни закони за разните групи на вработени, воведување бенифициран стаж за вработените во МО, изедначување на правата за пензионирање со АРМ, пензионирање на вработените во МО со навршени 40 години стаж, основица за пресметка при пензионирање да бидат најдобрите 10 години и еднакви плати за исти работни задачи во МО и АРМ, се вели во денешното соопштение од Синдикатот.
Оттаму посочуваат дека пратениците со соодветни суштински амандмани можат да учествуваат во подобрување на предложеното законско решение.
Синдикатот на Одбраната и Безбедноста смета дека со донесувањето на овој закон кој, како што велат оттаму, е во согласност со принципите на земјите членки на НАТО Алијансата, ќе се овозможиат подостоинствени работнички права, подобри услови за работа, како и подобар стандард на вработените во МО.
Ново на Сител
-
Реки народ од сите страни на протестот во центарот на Белград
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз